• среда, 03 јули 2024
МИА Општински пул

26 јуни 2024

Свети Николе - Невремето што го зафати вчера регионот на Свети Николе предизвика штети, особено кај село Кадрифакоово.

ЦУК соопшти дека преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се добиени пријави за настанати штети. Од поројниот дожд и големата количина вода поплавен е надвозникот кај с.Кадрифаково, а на регионалниот пат Штип – Свети Николе имало насобрано големо количество гранки, ѓубре, наноси од кал и песок. Има и оштетување на патот од поројната вода, при што е направено голема дупка.

На 112 е добиена и пријава од гром во  Неготино, што предизвикал прекин на електричната енергија на улица „Пано Калајџиски“ и околината. Пријавени се оштетувања на апарати во домаќинството. Екипи на „ЕВН Македонија“ веднаш реагирале и го отстраниле дефектот.

Скопје - Општина Илинден изврши целосна реконструкција на спортското игралиште кое се наоѓа во рамки на подрачното општинското основно училиште во населено место Текија, каде од игралиште за мал фудбал сега е мултифункционално игралиште за фудбал, кошарка и ракомет, а дел од комплексот е и новото детско игралиште.

Како што истакна градоначалникот Александар Георгиевски, жителите од ова населено место добија целосно ново место за спортување, игра и рекреација. Целосно е обновен асфалтниот слој, извршено е проширување на теренот, поставено лед осветлување, обновена е на заштитната ограда, поставени се нови голови, кош, клупи, корпи за отпадоци, како и партерно уредување на просторот. Покрај спортското игралиште реконструирано е и детско игралиште со реквизити како нишалки и клацкалки.

Кратово - Со вечерашниот концерт пред платото на Домот на култура „Лазар Софијанов" во Кратово, во 19 часот, започнува мини-концертната турнеја на Универзитетскиот „Ансамбл Македонија" и Австралиско-македонската младинска асоцијација „Никола Карев", Австралија, што ќе направи спој на автентична традиционална македонска култура и традиција и стилизирана форма на културата од страна на австралиската асоцијација.

Тијана Јаневска од „Ансамбл Македонија" при Универзитет "Гоце Делчев", Штип, информира дека ова е прва соработка со австралиската асоцијација што ќе понуди еден несекојдневен настап и програма.

Штип - Штипјанец и гевгеличанка вчера биле приведени од штипски полициски службеници, откако во домот на 29-годишниот М.А. во Штип, била пронајдена дрога.

МВР информира дека вчера, во 10.50 часот во Штип, полициски службеници ги лишиле од слобода М.А.(29) од Штип и Ќ.А.(27) од Гевгелија.

- При извршен претрес со наредба од Основен суд Штип  во домот во Штип каде престојувал М.А. и каде била затекната Ќ.А., биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, марихуана, бела грутчеста материја и мобилен телефон, информираат од полицијата.

Тетово - Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од СВР Тетово вчера го привеле Д.М. (29), соопшти МВР.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени кокаин, дигитална вага и пари.

Д.М. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје - Поради поради уличен дефект, без вода од 08:00 часот ќе останата корисниците на дел од улиците „Среќко Пужалка“  и „Товарник“ во населба Ченто, соопшти ЈП Водовод и канализација - Скопје.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санација на дефектот.

Остани поврзан