• четврток, 27 јуни 2024
МИА Општински пул

11 април 2024 

Охрид - Во рамки на своите активности и јавни овластувања во делот на првата помош, Општинската организација на Црвениот крст од Охрид задутре ќе го организира традиционалниот 50-ти по ред Општински натпревар по прва помош.

На натпреварот, што годинава се одржува под мотото „Првата помош спасува животи“, стекнатите знаења и техники за укажување на прва помош ќе ги покажат повеќе од 150 ученици-натпреварувачи од основните и средни училишта од Охрид и Дебрца, организирани во екипи во категорија подмладок и категорија младина.

И оваа година на општинскиот натпревар по прва помош ќе се применуваат критериуми и стандарди кои се спроведуваат при одржување на европските натпревари по прва помош. Во таа насока, натпреварувачите, но и посетителите на овој настан, на повеќе пунктови низ градот Охрид, почнувајќи од плоштадот „Св.Климент Охридски“, на платото пред Градската библиотека, по Градскиот кеј, ќе бидат сведоци на симулирани случки на несреќи, изведени од членовите на актерските групи на Црвен крст- Охрид, како и реалистички приказ на повреди, подготвени од посебно обучени шминкери за повреди на Црвен крст - Охрид.

Охрид - Поради големиот интере и на барање на публиката Охридскиот театар вечерва повторно на матичната сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе ја изведе хит-комедијата „Секс, лаги и љубомора“ од Марк Камолети.

Претставата што е режисерска поставка на Коле Ангеловски, претставува приказна за љубовта, прељубата, за вербата и надежта, за ведрата страна на животот, за малите искри во секој човек.

Самото дејствие се случува во зграда, во стан модерно наместен со прекрасен поглед на градот, со убаво креирана костимографија. Несуден диригент на ова лакрдија е куќната помошничка која е постојано на сцената и со многу импровизации се обидува да ги оправда нештата кои се случуваат околу неа...

Улогите ги толкуваат актерите: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ- Тодороска, Елизабета Стефановска, Билјана Билаловиќ- Вељаноска и Марија Новак.

 

 

Остани поврзан