• недела, 12 мај 2024
МИА Општински пул

8 април 2024

Скопје - ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционирале  206 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од ЈП „Паркинзи“ појаснуваат дека во периодот од 01.04. до 07.04.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ биле  отстранети 110 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани биле 96 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

Скопје - Современото живеење не може да се замисли без користење на мобилен телефон. Но, наспроти предностите и функционалноста, неговата употреба додека сте вклучени во сообраќајот на патиштата може да биде причина за несакани ситуации.

Користењето на мобилен телефон додека управувате со моторно возило во прв ред го одвлекува вниманието (зборувањето на телефон одвлекува внимание, додека пишувањето пораки на телефон е двојно поопасно затоа што не само што го одвлекува вниманието, туку на момент возачот воопшто не го гледа патот и сообраќајот во кој е вклучен).

Скопје - Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден во контролите во областа на сообраќајот на територија на град Скопје има изречено вкупно 137 мерки, соопштија денеска од МВР.

За возење повеќе од дозволената брзина изречени 67 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, девет мерки за управување под дејство на алкохол...

Скопје - Санкционирани се 332 возачи во текот на вчерашниот ден во спроведената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, соопштија денеска од МВР. 

Од нив, 25 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 172 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 160 надвор од населено место.

Скопје - Во последното деноноќие имало девет пожари на отворено, од кои два пожара се уште се активни, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пожарникарите од ТППЕ Куманово во петокот од 14:05 до 15:25 часот биле на интервенција на пожар во атарот на село Виштица во Општина Липково. Со пожарот била зафатена ниска вегетација и деградирана шума. Поради непристапноста на теренот екипите на ТППЕ Куманово не можеле да интервенираат, по што било известено ЈП „Национални шуми“ подружница од Куманово и ПС Матејче.

- Според комуникацијата, остварена со директорот од ЈП „Национални шуми“ подружница од Куманово, шумскиот пожарот во село Виштица е се уште активен на терен, иако вчера било интервенирано со двајца вработени, а за денеска било планирано да се интервенира со поголем број од вработени, соопшти ЦУК. 

Скопје - Пронајдени се двајцата велосипедисти кои се загубиле вчера на планината Беласица, некаде над село Банско, информира Центарот за упрување со кризи (ЦУК). 

Вчера во 16.50 часот во Регионалниот ЦУК Струмица на Единствениот број за итни повици 112 било пријавено дека велосипедистите се изгубиле.

-Веднаш била пратена патрола од гранична полиција и стапиле во контакт со двајцата велосипедисти. Околу 19.30 часот биле спуштени велосипедистите со помош на гранична полиција на безбедно и пред да настапи ноќта, се вели во соопштението.

Скопје - Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа без електрична енергија ќе останат повеќе корисници во Центар, додека без вода, дел од корисниците на општина Карпош.

Во период од 08:30 часот до 14:00 часот без струја ќе останат корисниците на ул. „Антоние Грубишиќ“, ул. „Коле Неделковски“, ул. „Наум Наумовски - Борче“ и ул. „Мирослав Крлежа“ во општина Центар.

Исто така дел од корисниците во општина Карпош ќе останат без снабдување со вода, соопшти ЈП „Водовод и канализација“.

Скопје - Во присуство на актери, режисери, дипломати, претставници на политичкиот и културниот живот во земјава, синоќа во Кинотека бил отворен четвртиот Фестивал на грчки филм, што ќе трае до 10 април. 

Фестивалот го организираат Амбасадата на Грција и Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ со поддршка од спонзори.

Како што информира „Киненова“, присутните ги поздравил Клери Коцидас, шеф на Канцеларијата за јавна дипломатија во Амбасадата на Грција.

Скопје - Радовишката полиција вечерта на 6 април во 22.30 часот во Радовиш, ги лишила од слобода Н.С.(29) од село Воиславци, радовишко и Ј.А.(22) и Ѓ.О.(21) од Радовиш.

Како што информираат денеска од МВР, при претрес во домот во Радовиш во кој престојувале лицата, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана. 

Остани поврзан