• вторник, 30 април 2024

Израелската делегација во Каиро размислува за продолжување на преговорите за заложниците

Израелската делегација во Каиро размислува за продолжување на преговорите за заложниците

Каиро, 31 март 2024 (МИА) - Делегација на средно ниво што учествува во индиректните мировни преговори меѓу Израел и Хамас е во Египет, каде треба да процени дали има смисла во разговорите да се вклучат и шефот на Мосад, Давид Барнеа и шефот на Шин Бет, Ронен Бар, во наредните денови, изјави израелски официјален претставник.

- Израел е разочаран од посредништвото на Катар во последно време, вели официјалниот претставник, пренесува Тајмс оф Израел. - Тие не вршат доволен притисок врз Хамас, рече официјалниот претставник за време на разговорите во Египет, земја со која Израел споделува длабоки, долгогодишни безбедносни врски. Администрацијата на египетскиот претседател Абдел-Фатах ал-Сиси, исто така, ги гледа Хамас и неговото матично движење, Муслимански браќа, како непријатели.

- Израел е подготвен да покаже одредена флексибилност во однос на ослободувањето на затворениците, но не е подготвен да дозволи масовно враќање на жителите на Газа во северниот дел на Појасот како што бара Хамас, рече официјалниот претставник

„Нема да дозволиме Хамас повторно да се воспостави на северот“, појасни претставникот, пренесува Тајмс оф израел. ссм/

фото: архива

Остани поврзан