• петок, 22 ноември 2024

Шмигал: Украинската влада одвои уште 392 милиони долари за набавка на дронови за армијата

Шмигал: Украинската влада одвои уште 392 милиони долари за набавка на дронови за армијата

Киев, 30 април 2024 (МИА) - Украинската влада одвои уште 15,5 милијарди гривни (392 милиони долари) за купување дронови за армијата, соопшти денеска украинскиот премиер Денис Шмигал на каналот  Телеграм.

„Ова е дополнителен ресурс на буџетот од 43,3 милијарди гривни (околу 1,1 милијардa долари ), што веќе беше доделен за набавка на беспилотни летала во текот на оваа година. Средствата ќе и бидат доделени на Државната управа за посебни комуникации, која е надлежна за соодветните јавни набавки. Со денеска доделените средства, нашите безбедносни и одбранбени сили ќе добијат 300.000 беспилотни летала “, се наведува во објавата на украинскиот премиер.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан