Хавиер Милеи, претседателот на Аргентина, во Будимпешта: Виктор има централно место во враќањето на Европа на вистинскиот пат
- Европа не треба да се реинвентира, туку треба да се открие себеси одново, да се врати на своите корени, да ја поврати довербата во својата историја и да ја остави зад себе логиката на трајна вина. По овој пат, Унгарија зазема централно место, а Виктор Орбан стана еден од најјасните и најхрабрите гласови во задачата за враќање на Европа на вистинскиот пат. За неколку недели, унгарскиот народ повторно ќе проговори. Денес, повеќе од кога било, мора да бидеме јасни за тоа што е навистина во прашање. Она што Унгарија ќе го одлучи ќе одекне низ цела Европа, бидејќи кога една нација цврсто стои против притисоците на политичката коректност, таа им покажува на другите земји дека е можно да се спротивстават и да победат. Кога една нација одлучува да ја брани слободата, своите семејства, своите граници и своите традиции, таа ги потсетува другите земји, анестезирани од инженерите на декаденцијата, дека сè уште има време за реакција. И кога лидер како Виктор Орбан се впушта во таа борба без да побара дозвола, тој станува светла точка за сите нас кои не прифаќаме дека судбината на Западот е управуван самрак, рече аргентинскиот претседател Хавиер Милеи во саботата на Конференцијата на европската десница во Будимпешта на која преи видео се обрати и претседателот на САД, Доналд Трамп, а МИА, говорот на Милеи го пренесува интегрално
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.