Почина поранешниот француски премиер Лионел Жоспен
- Поранешниот француски премиер Лионел Жоспен почина денеска на 88-годишна возраст, објавија француските медиуми.
Париз, 23 март 2026 (МИА) - Поранешниот француски премиер Лионел Жоспен почина денеска на 88-годишна возраст, објавија француските медиуми.
Медиумите потсетуваат дека социјалистот Жоспен беше премиер од 1997 до 2002 година, а дека се пензионираше од политичкиот живот на 21 април 2002 година.
Жоспен двапати беше кандидат на социјалистите на претседателските избори.
Жоспен е роден во Медон на 17 јули 1937 година. мс/ссм/
фото: ЕПА архива