Пожар во руската Република Бурјатија зафатил 20 станбени згради
- „Министерството за вонредни ситуации ги зголемува силите и ресурсите на лице место“, соопшти Министерството, пренесоа руските медиуми.

Москва, 30 април 2024 (МИА) - Руските пожарникари го локализираа пожарот што зафати 20 станбени и комунални згради во руската југоисточна република Бурјатија, но нема извештаи за повредени или жртви.
„Министерството за вонредни ситуации ги зголемува силите и ресурсите на лице место“, соопшти Министерството, пренесоа руските медиуми.
Соопштено е дека од пожарот биле зафатени околу 10.000 квадратни километри.
Федералната шумска служба соопшти дека можна причина за вонредната состојба е шумски пожар или мал пожар предизвикан од човекот.
До брзо ширење на пожарот довел и силниот ветар со налети од околу 28 метри во секунда.сд/
фото:МИА архива