• сабота, 22 јуни 2024

Во Шпанија над 500 жртви на топлотниот бран

Во Шпанија над 500 жртви на топлотниот бран
Мадрид, 21 јули 2022 (МИА) - Над 500 смртни случаи се евидентирани во Шпанија, поврзани со топлотниот бран што ја зафати западна Европа. Беа предизвикани разорни пожари и регистрирани рекордно високи температури. Шпанскиот премиер Педро Санчез ги повика граѓаните да бидат многу внимателни, а објави и податоци од анализи на здравствениот институт Карлос Трети. Тој додаде дека климатската вонредна состојба е реалност. Според шпанскиот метеоролошки институт, овој топлотен бран може да биде најинтензивниот регистриран досега и еден од трите најдолги. бд/зш/

Остани поврзан