• среда, 24 јули 2024

Гори станбено-деловна 26-катница во Астана, ангажирани 72 пожарникара

Гори станбено-деловна 26-катница во Астана, ангажирани 72 пожарникара

Aстана, 22 јуни 2024 (МИА) -Во главниот град на Казахстан, Астана, попладнево избувна пожар во станбено-деловен објект лоциран веднаш до трговскиот центар Кан Шатир, соопшти Министерството за вонредни ситуации на Казахстан.

Според соопштението, се запалил надворешниот дел од фасадата на 26 катница, а видеа од социјалните мрежи покажуваат многу пошироко ширење на пожар и чад.

Министерството за вонредни ситуации соопшти дека на терен се 16 возила и 72 пожарникари.Засега нема информаци за жртви. зш/

Остани поврзан