• вторник, 23 јули 2024

Хамас: Најмалку 42 лица загинаа во израелски напади на северот на Појасот Газа

Хамас: Најмалку 42 лица загинаа во израелски напади на северот на Појасот Газа

Газа, 22 jуни 2024 (МИА) - Најмалку 42 лица загинаа во израелските напади врз населените места Ал-Туфа и Ал-Шати на северот на Појасот Газа, изјави денеска  Исмаил Ал-Тавабта, директор на владината канцеларија за медиуми, управувана од Хамас.

Ал Џезира, повикувајќи се на истиот извор, пренесува дека 24 Палестинци биле убиени во напад на седум куќи во Ал Шати, додека 18 Палестинци биле убиени во населеното место Ал Туфа.

Израелските медиуми објавија видео од социјалните мрежи на кое се гледаат последиците од израелскиот воздушен напад врз кампот Шати во Газа. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан