• сабота, 28 септември 2024

Тунискиот министер за верски прашања разрешен поради туниските верници кои беа жртви на горештините при аџилакот во Мека

Тунискиот министер за верски прашања разрешен поради туниските верници кои беа жртви на горештините при аџилакот во Мека

Тунис, 22 јуни 2024 (МИА) - Тунискиот претседател Каис Сајед го разреши министерот за верски прашања Ибрахим Шаиби, откако беше откриено дека 49 туниски верници загинале за време на овогодинешниот аџилак во Саудиска Арабија, јави ДПА.

Сајед ја донесе одлуката откако Ибрахим Шаиби потврди 49 смртни случаи меѓу туниските аџии, повеќето од нив поради високите температури. Шаиби рече дека 44 од жртвите од Тунис пристигнале во Саудиска Арабија со туристички визи и не биле регистрирани за учество на аџилакот. Министерот призна дека можеби бил невнимателен во надзорот што требало да се врши над аџиите.

Во вторникот, последниот ден од аџилакот во Мека, температурата во саудиската света област надмина 50 степени Целзиусови.

Владите на неколку арапски земји соопштија дека многу од верниците кои го загубиле животот во Саудиска Арабија не биле регистрирани и дека пристигнале таму со туристички визи.

Оваа година на аџилакот имаше околу 1,8 милиони муслимани.зш/

Остани поврзан