• сабота, 18 мај 2024

Во напад на Харков две лица се повредени и уништени се згради

Во напад на Харков две лица се повредени и уништени се згради

Харков, 10 мај 2024 (МИА) - Украина ги уништи сите 10 беспилотни летала во руски напад во текот на ноќта, но две лица се повредени, а станбени згради во регионот Харков беа зафатени во пожар, соопштија денеска украинските власти.

Воздухопловните сили објавија на апликацијата за пораки Телеграм дека Русија лансирала и две противвоздушни наведувани ракети.

Портпаролот на украинските воздухопловни сили Илја Џевлаш изјави во телевизиски пренос дека руските ракети најверојатно биле насочени кон градот Харков на североистокот на земјата.

Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, рече дека три станбени куќи биле запалени, а десетици биле оштетени како резултат на рускиот напад, чија цел, според него, била и инфраструктурата и станбените области.

На фотографиите што ги објави Синехубов на Телеграм, се гледаат големи пламени јазици од станбените згради.

Две лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, се повредени во нападот и добиваат медицинска помош, изјави Синехубов на апликацијата за пораки Телеграм.

Москва негира дека цели биле цивили во овие „легитимни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина“. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан