Тројца странски туристи и еден Авганистанец убиени од вооружени лица во Авганистан
- Тројца странски туристи и еден Авганистан се убиени денеска од вооружени лица во централен Авганистан, а четворица странски државјани и тројца Авганистанци се ранети, соопшти талибанското Министерство за внатрешни работи.

Кабул, 17 мај 2024 (МИА) - Тројца странски туристи и еден Авганистан се убиени денеска од вооружени лица во централен Авганистан, а четворица странски државјани и тројца Авганистанци се ранети, соопшти талибанското Министерство за внатрешни работи.
Портпаролот на полицијата изјави дека четири лица се уапсени.
Светските агенции наведуваат дека не е позната националноста на туристите, ниту кој го извршил нападот. рп/
Фото: ЕПА