• петок, 17 мај 2024

Библиотеката „Илинден“ од Делчево ги сумираше резултатите за 2023 година

Библиотеката „Илинден“ од Делчево ги сумираше резултатите за 2023 година

Делчево, 25 декември 2023 (МИА) - Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево ги сумираше резултатите за 2023 година. И оваа година, како што информираше директорката на библиотеката Биљана Петровска, реализирани се голем број на активности, од одбележување на значајни настани до настани кои се организираа првпат во библиотеката и воопшто во градот. 

-Во годината што изминува Јавната локална библиотека „Илинден“ - Делчево се трудеше на своите полици да ги има сите наслови кои беа нови, актуелни, интересни и пред се барани од читателите. Ја збогативме и детската литература. Годината ќе ја завршиме со 880 членови. И оваа година библиотеката имаше голем број на активности, вкупно 63. Се одбележаа сите значајни настани кои традиционално библиотеката ги одбележува, но и поголем број на настани кои се организираа прв пат, истакна Петровска.

Јавната локална библиотека „Илинден“ оваа година потрошила 229.397 денари за набавка на нови книги.

-Завршно со 15 декември 2023 година библиотеката во COBISS системот има внесено 41.702 наслови. Вкупно 1500 книги купила библиотеката во 2023 година, од кои  90 се детска литература. Она што беше наше мото во годината што изминува, важи и за новите 365 дена пред нас. „Не можеш да изнајмиш среќа со пари, но можеш да изнајмиш книга од ЈЛБ „Илинден“ - Делчево, а тоа е приближно исто“, додаде Петровска.

Низ библиотеката во годината што изминува поминале  околу  400 ученици учествувајќи во разни активности, а последната активност за оваа година е ораторскиот натпревар наменет за ученици од средното училиште „Методија Митевски - Брицо“. вс/мд/

Фото: МИА
 

Остани поврзан