• недела, 23 јуни 2024

Белингем ќе се оперира по Европското, може да го пропушти почетокот на новата сезона

Белингем ќе се оперира по Европското, може да го пропушти почетокот на новата сезона

Мадрид, 6 јуни 2024 (МИА) - Џуд Белингем беше одличен во својата прва сезона во Реал Мадрид, откако „кралевите“ платија 103 милиони евра за него, но ќе мора да платат и 30 милиони евра во бонуси. Така, англискиот интернационалец ќе стане најскапиот играч во историјата на клубот.

Офанзивниот играч за врска постигна 23 гола на 42 натпревари додека го водеше Реал до титулите во Ла Лига и Лигата на шампионите. Тој е обожуван од соиграчите и навивачите и веќе во првата сезона го споредуваа со Зинедин Зидан. Но, сега има лоши вести.

Белингем веќе подолго време има проблем со левото рамо, што беше забележано непосредно пред финалето на Лигата на шампионите на еден од тренинзите. Веднаш штом заврши сезоната требаше да се оперира, но тоа во моментов не е можно, го чека ЕП со Англија.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Белингем би можел да оди на операција по Европското првенство доколку неговата состојба не се подобри. Ова би било проблем за Реал Мадрид бидејќи ќе ги пропушти тренинзите, а можеби и почетокот на новата сезона. дс

Фото: Архива

Остани поврзан