• недела, 23 јуни 2024

Тетово домаќин на четвртото коло од Првата и Младинската лига во бокс

Тетово домаќин на четвртото коло од Првата и Младинската лига во бокс

Тетово, 21 јуни 2024, (МИА) - Во Тетово се одржаа боксерски натпревари во рамките на четвртото коло од Првата и Младинската лига во бокс. На натпреварите учествуваа 15 боксерски клубови, а борбите се во повеќе категории.

Боксерите во Младинската лига се од 14 до 17 годишна возраст, а оние од 17 до 18 години и над 18 години се натпреваруваат во Првата сениорска бокс лига.

-Решивме натпреварите да се одржат на отворено бидејќи Тетово нема спортска сала, а училишните спортски сали не се климатизирани па ако борбите се одржуваа во нив, сигурно ќе беше уште пожешко и полошо за натпревар. Да, топло е надвор но ова се млади момчиња, издржливи се и нема да има проблем што борбите се одржуваат на отворено. Битно ни е да се популаризира овој спорт. Првин се борбите во категориите кадети и јуниори и тие се натпреваруваат во младинската лига и се на возраст од 15 до 17 години, а оние боксери кои се со 17 и 18 години и над 18 години се натпреваруваат во Првата лига. На денешниов натпревар пријавени се 15 боксерски клубови. Во текот на годината имаме 8 кола, а ова денес е последното коло во пролетниот дел, по што продолжуваме со натпреварите на есен, изјави Фатон Салиу, претседател на боксерската федерација на Македонија.

Бокс мечевите се одржаа на отворено бидејќи во Тетово нема климатизирана спортска сала. за/

Остани поврзан