Македонските кадетки петти на Балканијадата во одбојка
- Македонската женска одбојкарска репрезентацина го освои петтото место на Балканско првенство за играчи до 18 години.

Тирана, 22 јуни 2024 (МИА) – Македонската женска одбојкарска репрезентацина го освои петтото место на Балканско првенство за играчи до 18 години.
Македонките денес во мечот за петтата позиција ја совлада соодветната селекција на Црна Гораo 3:2.
„Црвено-жолтите“ Балканијадата ја завршуваат со две победи (Црна Гора и Албанија) и два пораз (Романија и Бугарија). зс/
Фото: Фејсбук ОФМ