• четврток, 21 ноември 2024

Португалија ја победи Турција избори осминафинале на ЕП 2024

Португалија ја победи Турција избори осминафинале на ЕП 2024

Дортмунд, 22 јуни 2024 (МИА) - Репрезентацијата на Португалија попладнево ја совлада со 3:0 Турција во натпревар од групната фаза на Евро 2024 година.

Во 21. минута погоди португалскиот играч за врска Бернардо Силва, а седум минути подоцна автогол си постигна турскиот репрезентативен дефанзивец Самет Акаидин. Во вториот дел Бруно Фернандеш на асистенција на Кристијано Роналдо го постави конечниот резултат.

Капитенот на португалската репрезентација ја постигна 8-та асистенција во историјата на Европските првенства и се израмни со рекордерот на турнирот - чешкиот напаѓач Карел Поборски.

Португалија има шест бода и по ремито меѓу Грузија и Чешка (1:1), на едно коло пред крајот на Ф-групата обезбеди влез во плејофот. Турција е на второто место во групата Ф со 3 бода. Грузија и Чешка имаат по еден бод.

Во последниот натпревар од групниот турнир Португалија на 26 јуни ќе игра со Грузија, истиот ден Турција ќе се сретне со Чешка. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан