Норис ја освои полската позиција на шпанското Гран при
- Возачот на Мекларен, Ландо Норис попладнево победи во квалификациите за Големата награда на Шпанија.

Барселона, 22 јуни 2024 (МИА) - Возачот на Мекларен, Ландо Норис попладнево победи во квалификациите за Големата награда на Шпанија.
Дваесет и четиригодишниот Британец својот најдобар круг го извозе за 1 минута 11.383 секунди. Ја освои втората пол-позиција во својата Формула 1 кариера.
Претходно Норис ги освои квалификациите во 2021 година на трката во Русија.
Второ време постигна актуелниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул (+0,020 секунди). Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон се најде на третото место.
Во првите пет се најдоа и Џорџ Расел (+0,320) од Мерцедес, како и Шарл Леклер (+0,348) од Ферари.
Главната трка на етапата во Шпанија ќе се вози утре на „Барселона-Каталуња“ со почеток во 15 часот. зс/
Фото: ЕПА