• недела, 22 декември 2024

Леао доби два жолти картона за симулација на два натпревари на ЕП 2024 и ќе го пропушти натпреварот со Грузија

Леао доби два жолти картона за симулација на два натпревари на ЕП 2024 и ќе го пропушти натпреварот со Грузија

Дортмунд, 22 јуни 2024 (МИА) - Рафаел Леао доби два жолти картони за симулација на два натпревара на ЕП 2024. 

Во 39. минута од денешниот натпревар со Турција, португалскиот фудбалер доби жолт картон за симулација на фаул. Главниот судија на средбата Феликс Цвејер не дозволи да биде измамен.

И на натпреварот од првото коло, против Чешка (2:1), Рафаел Леао падна во шеснаесетникот, сакајќи да изнуди пенал по што доби жолт картон.

Така, фудбалерот на Милан доби два жолти картона за симулација на два меча на ЕП 2024 и ќе ја пропушти средбата со Грузија на 26 јуни. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан