• петок, 19 јули 2024

Шолц со порака до Србија: Проектот Јадар е добар за државата и за економската перспектива

Шолц со порака до Србија: Проектот Јадар е добар за државата и за економската перспектива

Белград, 19 јули 2024 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека проектот „Јадар“ е добар за Србија и за економската перспектива на развој, не само за Србија, туку и за целиот регион, нагласувајќи дека ќе се почитуваат највисоките стандарди кога станува збор за заштита на животната средина.

Тој изрази задоволство што денеска во Белград е потпишан важен договор меѓу Европската комисија и Србија, кој, како што рече, ќе ја зајакне соработката во снабдувањето со суровини.

„Европската комисија и Србија штотуку потпишаа важен договор кој ќе ја зајакне нашата соработка во снабдувањето со суровини. Други, исто така, склучија договор кој се занимава со овој развој - компаниите што ќе бидат вклучени во него, како и финансиските институции, – рече Шолц на заедничката конференција за новинари во Палатата Србија со претседателот на Србија Александар Вучиќ. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан