• недела, 21 јули 2024

Бајден се враќа на предизборните активности следната недела

Бајден се враќа на предизборните активности следната недела

Вашингтон, 19 јули 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе се врати во предизборната кампања следната недела, по самоизолацијата поради благи симптоми на Ковид-19, изјави денеска шефицата на неговиот изборен штаб Џен О’Мали Дилон.

Таа рече дека Бајден е цврсто посветен да го победи поранешниот американски претседател Доналд Трамп, пренесоа британските медиуми.

-Тој е апсолутно посветен на тоа, рече О'Мали Дилон во интервју за MSNBC. 

Таа посочи дека загриженоста што луѓето ја изразуваат мора да се сфати сериозно, но начинот да се надмине е, како што рече, „да се вратиме на работа за да го победиме Доналд Трамп“.

О'Мали Дилон, исто така, рече дека Бајден ќе биде поддржан од „значајна национална организација“, но не даде други детали.

-Дефинитивно видовме пад на поддршката, но тоа беше мал пад, нагласи таа и додаде дека Бајден мора да покаже дека се бори за американскиот народ, пренесува РТ Балкан. мс/

фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан