• вторник, 23 јули 2024

Зеленски: На Украина и требаат системи за оружје со долг дострел

Зеленски: На Украина и требаат системи за оружје со долг дострел

Киев, 21 јули 2024 (МИА) - Украина има потреба од системи за оружје со долг дострел за да ги заштити своите градови и војници на линијата на фронтот од руски бомби и беспилотни летала, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски по синоќешниот руски напад врз Украина со дронови и проектили.

Според украинскиот претседател, неопходно е да се уништат руските бомбардери на руските воени аеродроми за да се заштити Украина од воздушни напади.

Претходно, украинската армија објави дека Русија во текот на ноќта го извршила петтиот напад со беспилотни летала врз Киев во последните две недели и дека украинските системи за противвоздушна одбрана ги уништиле ракетите пред да стигнат до главниот град.

Украинските воздухопловни и одбранбени сили на каналот Телеграм соопштија дека се уништени 35 од 39 беспилотни летала и две крстосувачки ракети лансирани од Русија. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан