• понеделник, 22 јули 2024

Американските бомбардери Б-52Х во рамки на вежба го прелетаа воздушниот простор на Финска

Американските бомбардери Б-52Х во рамки на вежба го прелетаа воздушниот простор на Финска

Хелсинки, 21 јули 2024 (МИА) - Финската армија денеска соопшти дека два американски бомбардери Б-52Х го прелетале нејзиниот воздушен простор како дел од вежба за летање, по што го напуштиле финскиот воздушен простор преку градот Пори во југозападниот дел на земјата.

Во вежбата учествувале и два авиони за дополнување гориво KC-135 и еден авион за дополнување гориво во воздух KC-46, сите три исто така од САД.

Според финскиот јавен сервис Иле, бомбардерите Б-52Х се способни да извршат широк опсег на мисии, вклучително и истрелување на дваесет крстосувачки ракети со нуклеарна боева глава. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан