• сабота, 23 ноември 2024

Нетанјаху за мислењето на ИЦЈ: Еврејскиот народ не е окупатор на сопствената земја

Нетанјаху за мислењето на ИЦЈ: Еврејскиот народ не е окупатор на сопствената земја

Ерусалим, 19 јули 2024 (МИА) - Евреите не можат да се сметаат за окупатори на сопствената историска татковина, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху како одговор на денешната пресуда на Меѓународниот суд на правдата (ИЦЈ), највисокиот суд на Обединетите нации, дека израелските населби на Западниот Брег го прекршуваат меѓународното право.

-Ниту една погрешна одлука во Хаг нема да ја искриви оваа историска вистина, како и законитоста на израелското населување на сите територии на нашата татковина, рече Нетанјаху.

Претходно денеска, ИЦЈ издаде советодавно мислење во кое наведува дека политиката на Израел на палестинските територии претставува анексија на големи делови од овие територии, како и дека го нарушува палестинското право на самоопределување. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан