• петок, 19 јули 2024

Повеќе од 10 часа делови од Скопје без струја, пријави до ЦУК за штети по невремето

Повеќе од 10 часа делови од Скопје без струја, пријави до ЦУК за штети по невремето

Скопје, 19 јули 2024 (МИА) - Повеќе од 10 часа делови од Скопје се без струја по вчерашното невреме проследено со дожд, силен ветер и град. 

Од ЕВН контакт центарот информираат дека нивни екипи се на терен и работат на отстранување на дефектот.

Според информациите објавени синоќа причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија се два 110-киловолтни далекуводи кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“.

Краткотрајното невреме што синоќа зафати делови од главниот град предизвика повеќе штети - паднати дрвја, оштетени автомобили, кровови, поплавени домови....

До Центарот за управување со кризи биле пристигнати пријави за 35 паднати дрвја, 15 бандери, 21 оштетен кров, 10 поплавени домови и две оштетени возила. Повеќе информации од ЦУК најавуваат во текот на денешниот ден. бак/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан