• понеделник, 23 декември 2024

Во Штип утрово нема чад, на терен поголем број луѓе и механизација ќе интервенираат во гаснење на пожарите

Во Штип утрово нема чад, на терен поголем број луѓе и механизација ќе интервенираат во гаснење на пожарите

Скопје, 19 јули 2024 (МИА) - На планината Серта утрово е замаглено и не може да се види дали, каде и колку гори пожарот, кој избувна минатата среда, вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов кој е таму, најавувајќи информации за подоцна.

Во Штип утрово нема чад, за разлика од вчера кога поради густиот чад, Кризниот штаб доцна синоќа ги повика граѓаните да избегнуваат присуство на отворено подолго време, односно да останат во своите домови. Пожарот се доближи на неколку километри над селата Селце, Драгоево и Пиперово.

Утрово, претставници на сите институции, пожарникари, членови на здруженија и локални мештани ќе бидат на терен придружени од механизација за да се направат обрачи околу селата и да се гасне пожарот на Серта.

Qytetarët e Shtipit duhet të shmangin qëndrimin e gjatë në natyrë dhe të qëndrojnë në shtëpitë e tyre, pasi sonte qyteti u mbulua nga tymi, ndërsa ndjehet edhe era e saj, është një madje nga

Градоначалникот Иван Јорданов синоќа истакна дека меѓу одлуките што се донесени е и да се побара помош од пожарникарите од другите градови во земјава за справување со големата стихија на планината Серта во штипскиот регион. Забележува дека ситуацијата со пожарите е сериозна и опасна за неколку села на планината Серта.

- Армијата на Република Македонија да се исконтактира и да даде човечки ресурси и опрема со којашто ќе се делува во текот на утрешниот ден. Центарот за управување со кризи да сподели информација за потенцијалните жаришта кои треба да бидат управувани во текот на утрешниот ден. Потребна е вклучување на целата механизација на јавните претпријатија, Општина Штип, како и сите градежени компании на територија на Општина Штип заради полесно справување со пожарите, коишто се на територија на Општина Штип за создавање на заштитни обрачи од земјени наноси, изјави Јорданов.

Меѓу одлуките на вчерашниот Кризен штаб се и вклучување на Ловното здружение, оф роуд друштвата, месното население кое е засегнато, заради логистичка поддршка, како и за информации на теренот. Потребно е вклучување на тимови на Итната медицинска помош и Црвен Крст на жариштата каде е пожарот на Серта.

Пожарот во Неготинско, пак, го зафати и ридот со ендемично лале, подрачје под заштита на локалната самоуправа. 

- Орлов баир,  ридот што ја преживеа една од најтешките битки во Првата светска војна, ридот на кој живее ендемичното лале - тулипа маријана, не ја преживеа неспособноста на 21 век, се дел од коментарите објавени на Фејсбук. 

Велат дека се работи за флористичкиот локалитет Орлово Брдо кај Криволак,  каде што се регистрирани ендемични растителни видови, како што се Марианово лале (Tulipa mariannae), Македонски хердисарум (Hedysarum macedonicum), Јуришичева жалфија (Salvia jurisicii) и други.  Прогласен е за споменик на природата, како објект што има ретки македонски ендемити. 

Во 2019 година, екологисти реагираа дека не сакаат депонија за индустриски отпад на Криволак, загрижени за единственото заштитено подрачје на природата во Неготино, Орлово брдо.

Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата синоќа информираа дека нема опасност од пожарите за армиските инфраструктурни објекти на Криволак и сите критични објекти се безбедни.

-Генералштабот на Армијата информира дека во текот на попладневните часови на Армискиот полигон Криволак имаше опожарени стари дотраени објекти кои не се од критично значење и се користени како помошни простории за време на логорувања. Сите армиски инфраструктурни објекти од посебно значење се безбедни и обезбедени согласно проценките и согласно армиските процедури тие имаат дополнително инженериско уредени безбедносни противпожарни појаси во потребна широчина од повеќе десетина метри, соопшти вчера Министерство за одбрана и Генералштабот на Армијата. 

Аармиските припадници кои се на терен локализирале краци на пожарите кои, како што се наведува, „може да бидат потенцијално загрозувачки за инфраструктурни објекти од посебно значење“. 

Вчера пожари имаше и на други места, но и кратко невреме во Скопје кое предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија во делови на градот, паднати дрвја...вдј/ев/

МИА: ФОТО Архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан