Демонстрантите зазедоа затвор во Бангладеш и ослободија стотици затвореници
- Студентите кои протестираат упаднаа во затвор во централниот дел на Бангладеш и ослободија „стотици“ затвореници пред да го запалат, изјави претставник на полицијата, пренесе БТА.

Дака, 19 јули 2024 (МИА) - Студентите кои протестираат упаднаа во затвор во централниот дел на Бангладеш и ослободија „стотици“ затвореници пред да го запалат, изјави претставник на полицијата, пренесе БТА.
Затворениците избегаа од затворот, а демонстрантите ја запалија зградата, рече полицискиот службеник кој сакаше да остане анонимен.
-Не го знам бројот на затвореници, но може да биде стотици, додаде тој. мс/
фото: ДПА