Два танкера се судрија кај брегот на Сингапур, испратени се противпожарни екипи
- Два танкера денеска се судрија во близина на брегот на Сингапур, по што се запалија, соопшти Меѓународната поморска организација, наведувајќи дека се испратени противпожарни екипи.

Лондон, 19 јули 2024 (МИА) - Два танкера денеска се судрија во близина на брегот на Сингапур, по што се запалија, соопшти Меѓународната поморска организација, наведувајќи дека се испратени противпожарни екипи.
И двајцата сопственици на танкерите го организираа спасувањето и гаснењето на пожарот, како и последователното влечење на бродот на безбедно. Поморскиот сообраќај не е засегнат, изјави портпаролот на Меѓународната поморска организација, пренесуваат британските медиуми.
Засега не се знае дали имало загадување на водата. мс/
фото: ЕПА