• среда, 25 декември 2024

Малки го пофали мислењето на највисокиот суд на ОН за израелската окупација

Малки го пофали мислењето на највисокиот суд на ОН за израелската окупација

Хаг, 19 јули 2024 (МИА) - Палестинскиот министер за надворешни работи Ријад Малки ја пофали денешната одлука на Меѓународниот суд на правдата (ИЦЈ) да го прогласи присуството на Израел на окупираните палестински територии и неговата политика за населување за незаконски.

-ИЦЈ ги исполни своите законски и морални обврски со оваа историска одлука. Сите држави сега мора да ги исполнат јасните обврски: без помош, без соучесништво, без пари, без оружје, без трговија, без ништо. Ниту една акција од кој било вид за поддршка на нелегалната израелска окупација, рече Малки.

Тој беше во судницата кога беше прочитано мислењето на советот и ја застапува Палестинската управа пред Меѓународниот суд на правдата и другите судови на ОН.

Хусеин Шеик, претставник на Палестинската ослободителна организација (ПЛО), го нарече мислењето на судот „историска победа за правата на палестинскиот народ и неговото право на самоопределување“.

Тој додаде дека меѓународната заедница мора да слуша што одлучил судот и да изврши притисок врз Израел да ја прекине окупацијата. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан