МИА Најави - свет
- Луксембург - Средба на министрите за надворешни работи на Европската Унија под претседателство на високата претставничка Каја Калас, на која главни теми се руската агресија врз Украина, ситуацијата на Блискиот Исток, односите на ЕУ со Јужен Кавказ и војната во Судан.
21 април 2026
Луксембург - Средба на министрите за надворешни работи на Европската Унија под претседателство на високата претставничка Каја Калас, на која главни теми се руската агресија врз Украина, ситуацијата на Блискиот Исток, односите на ЕУ со Јужен Кавказ и војната во Судан.
Париз - Средба меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и либанскиот премиер Наваф Салам за ситуацијата во Либан.
Берлин - Под претседателство на Германија и Турција, 40 министри за животна средина учествуваат на дводневна неформална конференција за климата (Петерсбергер Климадалог) како подготовка за преговори за ублажување на климатските промени во светот (COP 31).
Малибо - Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, ја продолжува својата турнеја низ Африка со посета на Екваторијална Гвинеја до 23 април.
Њујорк - Јавно претставување на двајца од четирите кандидати за нов генерален секретар на ОН: шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси, и поранешната претседателка на Чиле, Мишел Башелет.