Израелскиот министер за одбрана со смртна закана за лидерот на Хезболах
- Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, предупреди дека лидерот на Хезболах, Наим Касем, „ќе плати со главата“ заради нападите врз Израел.
Тел Авив, 21 април 2026 (МИА) - Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, предупреди дека лидерот на Хезболах, Наим Касем, „ќе плати со главата“ заради нападите врз Израел.
Кац на годишната церемонија посветена на сеќавањето на загинатите војници, рече дека заедно со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху издал наредба до Израелските одбранбени сили да „делуваат силно, дури и за време на примирје“, со цел заштита на израелските војници во Либан од секоја закана.
Тој нагласи дека за Израел безбедноста на жителите на северот од земјата е „клучен приоритет“, вклучувајќи и активности против закани северно од реката Литани во Либан.
Во говорот, Кац ја спореди ситуацијата со конфликтите во Појасот Газа, тврдејќи дека Хезболах ќе претрпи последици слични на оние што, според него, ги погодиле Хамас во Рафах и Беит Ханун. аб/јт/
Фото: МИА архива