• понеделник, 22 јули 2024

Хамилтон со уште едно значајно достигнување во Формула 1

Хамилтон со уште едно значајно достигнување во Формула 1

Будимпешта, 21 јули 2024 (МИА) - И покрај сите рекорди кои Макс Верстапен ги постави во последните две години, Луис Хамилтон останува носител на едно од најважните достигнувања во историјата на Формула 1.

Седумкратниот светски шампион и натаму води по бројот на победи, пол-позиции, бодови и искачувања на подиумот. На денешната трка за ГН на Унгарија, Британецот заврши на третото место, означувајќи го својот 200-ти подиум во Ф1, кој го постигна на својот 344-ти старт.

Тоа значи дека Британецот бил на подиумот во 58% од трките на кои учествувал. Неговиот прв подиум дојде на неговата дебитантска трка во Австралија во 2007 година, кога заврши на третото место зад Кими Раиконен и тимскиот колега од Мекларен, Фернандо Алонсо.

Од тие 200 подиуми што ги има Хамилтон, 104 се први места, 56 се втори, а останатите 40 се трети. дс

Фото: Архива

Остани поврзан