• понеделник, 23 декември 2024

ПСЖ почна преговори со Санчо

ПСЖ почна преговори со Санчо


Париз, 22 јули 2024 (МИА) – Пари Сен Жермен напорно бара замена за Килијан Мбапе и откако досега не успеа да го ангажира Грузиецот Квича Кварацхелија, францускиот шампион се насочи кон Џејдон Санчо од Манчестер Јунајтед.
Информацијата денеска ја објави „Фут Меркато“, а ја пренесе и весникот „Л’Екип“.
Според медиумите, ПСЖ веќе неколку денови е во претовари со англискиот офанзивец.
Санчо е подготвен да се пресели во Париз, под услов двата клуба да се договорат за трансферна сума.
Англичанецот минатата сезона играше како позајмен во својот поранешен тим Борусија Дортмунд, со кој стигна до финалето на Лигата на шампиони. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан