• среда, 27 ноември 2024

Јорданеску ја напушти клупата на Романија

Јорданеску ја напушти клупата на Романија


Букурешт, 22 јули 2024 (МИА) – Едвард Јорданеску (46) одлучи денеска да ја напушти селекторската функција на романската фудбалска репрезентација.
Јорданеску имаше договор со Фудбалската федерација на Романија до крајот на овој месец и реши да не го продолжи и покрај солидниот резултат на неодамнешното ЕВРО2024 на кое Романија го освои првото место во групата пред да биде елиминирана во осминафиналето од Холандија.
„Мојата мисија е завршена, објави Јорданеску, додавајќи дека сака повеќе време да му посвети на семејството.
Јорданеску ја водеше Романија од почетокот на 2022 година, и на 28 натпревари оствари ефект од 10 победи, 10 нерешени и осум порази. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан