• сабота, 24 август 2024

КЛ: Диферданж или Ордабаси потенцијален противник на Струга

КЛ: Диферданж или Ордабаси потенцијален противник на Струга

 

Нион, 22 јули 2024 (МИА) – Единствениот преостанат македонски претставник во европските фудбалски купови Струга денеска со жрепка во Нион го дозна можниот противник во 3 квалификациско коло во Конференциската лига (КЛ), доколку во втората рунда успее да го елиминира ерменски Пјуник.

Жрепката во седиштето на УЕФА одлучи, доколку Струга биде поуспешна од Пјуник, во 3 квалификациско коло во КЛ да игра против победникот од пресметката меѓу Диферданж од Луксембург и Ордабаси од Казахстан.

Натпреварите од 3 квалификациско коло во третото по ранг европско клупско натпреварување се на програмата на 8 и 15 август.

Струга в среда во Охрид го пречекува Пјуник во рамки на првиот натпревар од 2 квалификациско коло, а реваншот во Ерменија е закажан за 1 август. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан