• сабота, 17 август 2024

Прилепските скулптори отворија изложба „Алегорични фрагменти“

Прилепските скулптори отворија изложба „Алегорични фрагменти“

Прилеп, 17 август 2024 (МИА) - Во ликовната галерија на прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ синоќа беше отворена изложбата „Алегорични фрагменти“ на која со свои дела се претставуваат осуммина скулптори од Прилеп. Тоа се: Емил Солески,  Елена Димоска, Методи Исков, Филип Перески, Марјан Стојаноски, м-р Маја Ралева Миладиновски, м- р Филип Јовески и Марта Макеска, сите членови на Друштвото на ликовните уметници од Прилеп.

Изложбата ја отвори Емил Солески, кој посочи дека секој уметник со своето дело испраќа порака од друг агол.

-Секој од нас уметниците преку личниот печат кон современата уметност испраќаме порака со однапред конципирано вајарско решение.Делата се одраз на асоцијативни фрагменти полни со алегорија, исполнети со убаво, рече Солески.

Проектот е поддржан од  Министерството за култура и туризам. ем/вг/

Фото: ЦК „Марко Цепенков“

 

Остани поврзан