• сабота, 17 август 2024

Сирково заштитено, куќите и црквата безбедни, пожарникарите го гаснат пожарот

Сирково заштитено, куќите и црквата безбедни, пожарникарите го гаснат пожарот

Росоман, 17 август 2024 (МИА) - Селото Сирково е заштитено, куќите и црквата се безбедни, пожарникарите го гаснат големиот пожар во росоманско, потврдија попладнево за МИА, од Територијалната противпожарна единица Кавадарци.

- На терен се делува со десет пожарникари и шест возила, рекоа од Противпожарната единица која интервенира во кавадаречка и росоманска општина.  

Оттаму појаснија дека пожарот е над селото. 

Претходно, кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на Фејсбук напиша дека била спасена фарма од пламените јазици. свд/вг/


Фото: МИА 

Остани поврзан