• вторник, 24 декември 2024

Времена забрана за пловидба во Студенчишкиот канал поради прославата на Денот на Армијата

Времена забрана за пловидба во Студенчишкиот канал поради прославата на Денот на Армијата

Охрид, 17 август 2024 (МИА) – Пловидбата по Каналот Студенчишта во Охрид утре ќе биде во прекин, и тоа во периодот од 9:30 до 12 часот, информираат од СВР Охрид и полициската станица за Граничен надзор „Охридско Eзеро“.

Забраната е воведена поради предвидените активности на просторот кај Центарот за обука на вода во Охрид, каде што во посочениот период ќе се одржува Централната свеченост по повод 18 Август - Денот на Армијата на Република Македонија.

Од СВР Охрид се апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките што ќе ги спроведуваат инспекторите за пловидба од Капетанија на пристаништа во Охрид и полициски службеници од СВР Охрид и Езерската полиција. аб/дма/

фото: МИА

 

Остани поврзан