• понеделник, 19 август 2024

Градоначалникот Јанчев вели дека ќе се провери информацијата за помор на риби во Луда Мара

Градоначалникот Јанчев вели дека ќе се провери информацијата за помор на риби во Луда Мара

Кавадарци, 17 август 2024 (МИА) - Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев за МИА попладнево изјави дека инспектор ќе провери дали има помор на риби во реката Луда Мара, откако во јавноста беа објавени такви информации.

За помор на риби во реката Луда Мара, објави Реално Кавадарци на Фејсбук, каде има и видео од анонимен испраќач, кој, како и повеќе кавадарчани бараат да се испита случајот. 

Во еден од коментарите под постот, се посочува дека нивото на водата во реката е ниско и оти е претопла. свд/дма/


Фото : Реално Кавадарци 

Остани поврзан