• недела, 18 август 2024

Општина Дебар објави повик за учество на традиционалниот тениски турнир

Општина Дебар објави повик за учество на традиционалниот тениски турнир

Дебар, 17 август 2024 (МИА) - Во Дебар ќе се одржи уште една спортска активност во рамки на манифестацијата „Дебарско културно лето 2024". Станува збор за традиционалниот тениски турнир „Дибра опен", активност која побудува се поголем интерес за учество  кај младите.

Општина Дебар, која е покровител и на овој турнир, објави повик за пријавување, кој трае до 25 месецов. 

На турнирот одржан минатата година учествуваа 22 натпреварувачи, што беше за десет повеќе од претходната година, а две години на ред победник беше Емин Врзиволи, познат дебарски стоматолог.

Ова е последователна спортска активност. Деновиве се одржа турнирот „Streetbal 2024" на кој најдобра беше екипата „Sortie BB“, по турнирот во мал фудбал на кој најдобра беше екипата на „Делиши компани".

Поради масовното присуство на иселениците, главно од западно европските земји, големо е присуството на публиката на спортскиот полигон во деветолетката „Пенестија", каде ќе се одржи и тенискиот турнир. вт/дма/


Фото: МИА

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан