• петок, 21 февруари 2025
МИА Општински пул

19 февруари 2025 

Скопје - Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека Општина Центар и годинава објави јавен повик за доделување на локации за поставување подвижни објекти, подвижни апарати и други подвижни направи на 14 локации во централната градска зона. 

Право на учество имаат сите правни и физички лица со регистрирана дејност и сите лица што вршат занаетчиска дејност, а подвижните објекти може да се користат за угостителски услуги (продажба на јадења, напитоци, сладолед, и слично). 

Струмица - Околу 150 илјади здравствени осигуреници кои ги користат услугите на струмичката болница една година се принудени да прават компјутерска томографија во други градови. Од февруари минатата година апаратот не работи, а неговата поправка била неисплатлива и е одлучено да се набави нов.

Нефункционирањето на апарат за компјутерска томографија вчера стана тема за препукување меѓу градоначалникот Костадин Костадинов и раководството на ЈЗУ „Општа болница Струмица“. Во објавата на неговиот фејсбук профил, струмичкиот градоначалник постави прашање до власта, во кое како што вели „пред да го смените државниот грб и химната и пред министерот за здравство да навлезе во решавање на етничките прашања, да ве прашам-кога планирате да го поправите апаратот за компјутерска томографија во Струмица?“.

Куманово - Заврши дводневната работилница за театарска куклена уметност во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово на која присуствуваа уметници и заинтересирани учесници од земјава кои активно учествуваа во работилницата преку вежби и теорија, информираа денеска од НУЦК. Предавачи беа гостите од Република Бугарија, Гергана Трајкова, театарски критичар, драматург во Театарот во Враца, предавач по историја на театар и куклен режисер, и Георги Маноел Димитров, артист, солист, предавач за актерско мајсторство за куклен театар на НАТФИЗ Крсто Сарафов во Софија и основач на курс по куклотерапија за деца.

- Воодушевени од интересот и посветеноста на сите учесници во оваа дводневна обука и работилница и благодарни на домаќините од Театарот во Куманово што нè поканија да ја претставиме оваа сфера од театарската уметност која во Бугарија има долга традиција и е застапена и практикувана во скоро секој театар. Кукленоста како што самиот поим кажува е посебна дисциплина и уметност од театарската уметност со правила и законитости. Куклата и актерот во оваа дејност мора да се сплотат и да создадат целина. Подготвени сме да дојдеме повторно и драго ни е што запознавме луѓе кои го сакаат театарот, сакаат да научат и да усвојат ново за кукларството и сигурни сме дека со заедничка работа и посветеност можеме да направиме и да ја популаризираме оваа сфера и дејност од театарот и во Македонија, изјави обучувачот Георги Маноел Димитров.

Скопје - Поради уличен дефект Ф-100мм на ул.„1613“ бр.50 карши Зур маркет во населба Аеродром, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до санирање на дефектот. 

Скопје - Во текот на вчерашниот ден во периодот од 09:30 до 18:30 часот беше спроведена зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на територијата на град Скопје, при што санкционирани се 262 учесници во сообраќајот, соопшти МВР.

Од нив 10 возачи управувале без возачка дозвола, изречени се три санкции за нерегистрирани возила, три мерки за непропуштање пешаци на  обележан пешачки премин, четири санкции за возач почетник, 12 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците...

Крива Паланка – Општина Крива Паланка го почна процесот за подготовка на катастар на зелени површини со повеќегодишни растенија во урбаниот дел на општината. На координативен состанок Здружението „Трифор“, со експерти од шумарскиот факултет, претставници од општината и ЈП „Комуналец“ Сектор паркови и зеленило, што се одржа вчера во општинската сала, беше договорено на кој начин ќе се реализираат теренските активности за  детекција, регистрирање, управување и мониторинг на зелените површини и урбаната дендрофлора во градот.

Крива Паланка е меѓу првите, една од само шест општини во државата што активно работи на изработка на зелен катастар, законска обврска на општините. Истиот ќе придонесе за квалитетна стратегија за развој на зеленилото на подрачјето на градот, со детални информации за над 5000 точки, садници, во системот на интегрирани податоци, видливи и достапни за јавноста.

Скопје - Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека денеска без вода ќе останат корисниците од село Трубарево, како и дел од корисниците во општините Карпош и Гази Баба. 

Поради изведување на приклучок од Ф-100мм на ул. „20“ бр.6 во село Трубарево, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците селото, а водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до санирање на дефектот. 

Остани поврзан