• вторник, 03 декември 2024
МИА Општински пул

3 декември 2024

Скопје - Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски потенцира дека општината вложува во инклузивни проекти на локално ниво со цел подобрување на животот на лицата со попречености.

„Денешниот Меѓународен ден на лицата со попреченост, 3 декември е силен потсетник дека сите ние - институции, невладини организации, граѓани мора заеднички да работиме за да овозможиме поквалитетен живот на овие лица. Општина Центар се грижи за сите групи граѓани, со посебен фокус на лицата со попреченост. Обезбедивме сензорни соби во училиштата „Киро Глигоров“, „11 Октомври“, „Песталоци“, „Кочо Рацин“ и „Гоце Делчев“. Ангажиравме 50 лични асистенти за учениците со посебни образовни потреби“, вели Герасимовски.

Скопје - Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска ќе го означи почетокот на изградбата на мултифункционалното игралиште во општина Петровец.

Како што информираат од Министерството за спорт, на настанот ќе присуствува и градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски.

Скопје - Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека проектот за бесплатен превоз до здравствените установи за сите полнолетни лица со попречености од Општина Центар се одвива во континуитет. Откако е почнат проектот во месец февруари 2024 година, реализирани се вкупно 197 превози, со што значително е олеснето секојдневието на семејствата што имаат членови со некаква попреченост.

Герасимовски, го посети четириесет и девет годишниот Роберт, лице со мултипла склероза и попреченост за да види како се имплементира проектот во соработка со Црвениот Крст на Град Скопје.

Струмица - Градоначалникот Костадин Костадинов ја претставува Струмица на петтиот Глобален самит на силни градови што од денеска до 5 овој месец се одржува во Кејптаун, Јужна Африка, соопштија од Општината.

Овој важен настан е организиран од Мрежата на силни градови и градот Кејптаун, а е спонзориран од Министерството за надворешни работи на Данска, Европската Унија и Стејт департментот на САД, а ќе се фокусира на решавање на критичните предизвици во градовите ширум светот.

Скопје - Родителите од Општина Кисела Вода вечер ќе имаат можност да разговараат и подетално да се запознаат со проблемот со врсничкото насилство во рамки работилница која ќе се одржи во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“.

Ова е шестта едукативна средба наменета за родители во рамки на општествено одговорната кампања „Крени глас - Стоп за булинг“.

Скопје - По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Народниот правобранител - Тим за мониторинг на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, заедно со партнерските организации кои се дел од Националниот мониторинг механизам ќе одржат прес - конференција.

На прес-конференцијата ќе бидат промовирани согледувањата во врска со остварување на правото на образование на знаковен јазик на учениците со оштетен слух кои учат во Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партениј Зографски“- Скопје, а ќе бидат објавени и препораките на Народниот правобранител, кои ќе бидат доставени до Минитерството за образование и наука со цел изнаоѓање на системско решение за унапредување на наставата на знаковен јазик на учениците со оштетен слух. 

Скопје - Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор" започна со спроведување на иницијативата „Активни, независни млади со попреченост подготвени за инклузивно вработување“, која предвидува опфат на повеќе од 100 лица со типичен и атипичен развој во Скопје, Тетово и Куманово.

Како што информираат од Фондацијата, прва активност од оваа иницијатива е обуката за меки вештини за вработување за млади лица со попреченост која цели да придонесе овие млади лица да бидат активни учесници во економијата и конкурентни на пазарот на трудот. Лицата со попреченост се една од најранливите категории на граѓани, а стапката на невработеност кај овие лица е неколкупати повисока отколку кај лицата со типичен развој.

Скопје - Хуманитарен настан насловен „Дарежлив вторник“, ќе се одржи денеска, од 18.00- 23.00 во Лабораториум, во организација на Здружението Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ, заедно со Центар за младински активизам КРИК, Здружение на граѓани за промовирање и зачувување на културните и духовните вредности-Легис, Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе – Отворена Порта, ХОПС- Опции за здрав живот и Здружение за едукативен развој Еквалис.

Настанот е со хумантарен карактер и има за цел да ја подигне свеста на младата популација во нашата земја за важноста на реупотребата на користената облека и аксесоари, истовремено поттикнувајќи ги на филантропија и дарување - да се помогне на оние лица во нашите заедници на кои им е најпотребно.

Кочани - Ампутацијата на двете нозе, извршена пред неполни две години, не беше пречка за 38-годишниот Златко Ѓоргиев од Виница, да постигне несекојдневен подвиг и личен успех на неодамнешната маратонска трка во Базел, Швајцарија. Со помош на двете протези, што му ги заменуваат стапалата и натколениците, за 50 минути и 40 секунди ги помина петте километри и стигна до целната линија на трката.

Веќе една деценија, Ѓоргиев со семејството живее во местото Фулинсдорф, во кантонот Базел во Швајцарија, каде што се случил несреќниот случај во кој ги загубил нозете.

Скопје - По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Народниот правобранител - Тим за мониторинг на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, заедно со партнерските организации кои се дел од Националниот мониторинг механизам, денеска на прес-конференција ќе ги промовираат согледувањата во врска со остварување на правото на образование на знаковен јазик на учениците со оштетен слух кои учат во Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партениј Зографски“-Скопје.

Воедно ќе бидат објавени и препораките на Народниот правобранител, кои ќе бидат доставени до Министерството за образование и наука, со цел изнаоѓање на системско решение за унапредување на наставата на знаковен јазик на учениците со оштетен слух.

Остани поврзан