• сабота, 18 мај 2024

ЈП Водовод и канализација Скопје апелира рационално да се користи водата

ЈП Водовод и канализација Скопје апелира рационално да се користи водата

Скопје, 18 јули 2023, (МИА) - ЈП „Водовод и канализација“ Скопје денеска упати апел рационало да се користи водата  со оглед на најавите од Управата за хидрометеоролошки работи дека  температурите деновиве ќе достигнат и над 40 °C.

Апелираат да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, перење автомобили, полнење на базени, но и за спречување на злоупотребата преку дивите приклучоци, со кои се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во Скопје.

-Доколку граѓаните на Скопје забележат див приклучок треба да го пријават на 023073 010, kontakt@vodovod-skopje.com.mk, www.vodovod-skopje.com.mk или преку мобилната апликација достапна за Android и iOS, наведуваат од ЈП „Водовод и канализација“. 

Потсетуваат дека дивите приклучоци се забранети со Закон, врз основа на кој за сите утврдени иматели на див приклучок ќе биде поткрена прекршочна постапка за сторено кривично дело. ен/лв/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан