• среда, 12 јуни 2024

Во Музеј на вино Кавадарци уметници творат на тема вински артефакти 

Во Музеј на вино Кавадарци уметници творат на тема вински артефакти 

Кавадарци, 18 мај 2024 (МИА) - Во Музеј на вино Кавадарци уметници творат на тема вински артефакти, во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на музеите. 

- Ликовни уметници творат во чест на музеите. Темата на ликовниот хепенинг е „Винскиот музеј низ артефактите“. Всушност, на лице место уметниците сликаат на платно, додека заедно со посетителите кои  ја следат нивната активност,  имаат можност да дегустираст  вино од ова поднебје и македонска храна. Настанот го организиравме во соработка со здружението на граѓани љубители на уметноста „Роднокрајци“, чии претставници  творат на платно. Ги спојуваме историјата, културата и традицијата на лозаровинарството во најголемиот регион за лозарство и винарство во државата. Уметноста на платно и уметноста во извонредните вино и храна, подвлече Весела  Честоева, директор на Вински музеј за регион „Тиквеш“, со седиште во Кавадарци.

Настанот е дел од програмата за работа на музејот, со поддршка на локалната самоуправа. свд/мд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан