• недела, 22 декември 2024

Бесплатен влез во музеите и археолошките локалитети во Охрид

Бесплатен влез во музеите и археолошките локалитети во Охрид

Охрид, 18 мај 2024 (МИА) – Во насока на поголема промоција на културното наследство на Охрид и Охридскиот регион и подигање на културната и јавна свест,  денеска по повод 18 Maj - Меѓународниот ден на музеите нема да се наплаќа за влез за посетителите во сите објекти под надлежност на НУ „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид“.

-Влезот во археолошките локалитети и во музејските објекти Самуилова тврдина, Музеј на вода – Градиште, Куќа на Робевци и Галерија на икони влезот за сите посетители ќе биде бесплатен, информираат од Установата.

Од „Охридскиот завод и музеј“ се повикуваат сите кои се во можност, а посебно помладите генерации да ја искористат оваа прилика да се запознаат со значајното културно наследство со кое располага Охрид. аб/дма/

Фото/МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан