• четврток, 09 април 2026

Времена забрана за лов на сом во акумулацијата „Стрежево“

Времена забрана за лов на сом во акумулацијата „Стрежево“

Битола, 9 април 2026 (МИА) - Јавното претпријатие „Стрежево“-Битола кое стопанисува со истоимената вештачка акумулација информира за времена забрана за лов на сом во водите на акумулацијата.

Согласно риболовната основа за риболовното подрачје „Стрежево“, од 15 април до 15 јуни 2026 година стапува во сила привремена забрана за лов на сом со цел заштита во период на мрестење.

Од ЈП „Стрежево“-Битола посочуваат дека во овој период не се воведува целосна забрана за риболов на акумулацијата „Стрежево“, туку се применуваат временски ограничувања кои се однесуваат на одредени видови риби, согласно нивниот биолошки циклус. Од претпријатието апелираат рекреативните и спортските риболовци да ја почитуваат забраната, со цел зачувување на природните ресурси и долгорочна заштита на биодиверзитетот. мт/нд/

Фото: ЈП „Стрежево“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан