Како ноќната молитва и постот му овозможиле на отец Шевкунов Господ да му даде да види во иднината
- По седум дена таков начин на живеење, се случи нешто уште почудно. Кога една ноќ по долга молитва, почнав да правам метании на влезот во пештерата, одеднаш зад мене некој почна да штрака, така што се чувствував како зад мене да се срушиле илјадници табли лим. Едноставно, бев скаменет од страв. Меѓутоа, кога решив да се свртам, го видов истиот мирен манастирски плоштад на Месечината. Не ја напуштив пештерата до утрото. Постојано им се молев на светците очекувајќи во секој момент тоа да се повтори. Во мугрите, околу четири часот, отец Серафим (уште еден од старците во манастирот, н.з.) излезе од својата ќелија. Истрчав до него и пелтечејќи од возбуда, му кажав што се случи. На мое големо чудење, отец Серафим само замавна со раката и се насмевна: „Не обрнувајте внимание на тоа. Тоа се демони!“, пишува отец Шевкунов
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.