• четврток, 09 април 2026

УКЛО Битола продолжува со традиционалниот натпревар во ораторство

УКЛО Битола продолжува со традиционалниот натпревар во ораторство

Битола, 9 април 2026 (МИА) - Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола објави конкурс за учество на традиционалниот натпревар во ораторство УКЛО ТРИВИУМ 2026.

Според востановената традиција, натпреварот во ораторство ќе се одржи во рамки на манифестациите со кои се одбележува Денот на основањето на битолскиот Универзитет, односно 25 април.

Од секторот за односи со јавност на УКЛО денеска информираа дека на претстојниот конкурс може да се јават студенти на прв и втор циклус студии од сите единици на УКЛО, кои треба да подготват оригинален и претходно необјавуван говор на слободна тема. Истиот треба да биде напишан и изведен на македонски јазик. Пријавувањето на ораторите е до 22 април а натпреварот ќе се оджи на 29 април. мт/нд/

Фото: УКЛО

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан